МАКЕДОНИЈА

Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ: Македонското знаме конечно се вее, додека моќно одекна нашата химна

Независната пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија излезе со соопштение по повод официјалното станување на Република Северна Македонија како 30-та членка на НАТО.
„На сите граѓани им го честитаме официјалното станување 30 земја членка на НАТО. Македонското знаме конечно се вее, додека моќно одекна нашата химна. Во овие денови во кои сите се грижиме за своето здравје, иако немаме можност да бидеме присутни на овој свечен чин, оваа добра вест која толку долго ја посакувавме е убав момент кој ја враќа надежта дека ни следуваат успеси. Се надеваме дека успешно ќе ја надминеме кризата со Ковид 19 и ќе се издигнеме одново“, велат од пратеничката група.
Според нив, драго им е што тие имаат силен личен влог и улога за осигурената стабилност, територијален интегритет и одржување на миро во Република Северна Македонија/
„Позитивната одлука за конечно отпочнување на пристапните преговори е уште една нова надеж, предизвик и цел. Веста дека ЕУ ќе ни помогне со скоро 70 милиони евра во борбата со короната е солидарност и единство. Тоа е нашата иднина и нашето место“, се вели во изјавата на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести

Галетановски после исказот во полиција: Коментарот на Фејсбук беше шега

Болничките капацитети забрзано се полнат, забележан најголемиот дневен број на заразени

Берта Китинска

Одложено одлучувањето за правата на поранешните претседатели

Влатко Зорба

МВР платило 170 илјади денари за два „ајфона“ за кабинетот на Чулев

МЗ: Поради новиот алгоритам има само 11 позитивни

Берта Китинска

Вирусот се шири кај малдите: Тројца кавадарчани се новите заразени од Koвид 19