МАКЕДОНИЈА Политика

Николоски: Што е толку проблем СДСМ да се премисли за избори за два месеци

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, за ТВ 24 изјави дека ВМРО-ДПМНЕ сака да оди на избори, но тие да бидат со гаранција дека нема да имаме новозаболени и мртви поради гласањето или кампањата, односно да се заштита граѓаните.

„Tочно, нашите предлози се 23 август, 30 август и 13 септември. Ова брзање на СДСМ нас ќе не одведе во избори без кампања, во избори во кои граѓаните нема да ги видат кандидатите,а излегувањето на избори ќе значи ризик по животот“, вели Николовски.

Тој запраша што е толку проблем СДСМ да се премисли за избори за два месеци.

„Ние со вакви бројки, го гледаме Заев како притиска за избори. Ако планираат на 21 јуни да одат на избори со вакви бројки, ние нема да одиме, нека им е со среќа. Многу граѓаните три пати ќе размислат дали да излезат што може да не доведе до ситуација очајно ниска излезност што ќе го доведе до прашање целиот кредибилитет на изборниот процес, истакна Николоски.“, рече Николоски.

Поврзани вести

Ќе се формира Совет за координација на безбедносно-раузнавачката заедница

Влатко Зорба

Онлајн самит на лидерите на ЕУ и Западен Балкан за Ковид-19 и европерспективата на регионот

Мисајловски: Албанец премиер е празна флоскула и ништо повеќе

СДСМ: Ристески да си поднесе оставка заради инцидентот со огнено оружје

Шилегов: Опозицијата го блокира законот за Јавно обвинителство

Viktor Jovanov

Сообраќајка кај Куманово, четворица повредени