МАКЕДОНИЈА Политика

Николовски: Ќе ги вратиме Македонците во истокот, младите ни требаат тука

Коалицијата „Можеме“ вечерва одржа трибина во Делчево. Пред присутните свое обраќање имаа носителите во ИЕ 3 од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Љупчо Николовски и Јагода Шахпаска. Се што СДСМ вети, исполни една третина од ветеното за само две и пол години рече пред делчевчани Шахпаска.

– Ќе почнам од негователките и воспитувачките во градинките кои се мотивирани затоа што имаме 43 нови градинки, а во следниот мандат ќе имаме 7.500 места за сместување на децата во градинките. Пензиите пораснаа за 1700 денари за нецели две години. Воведовме државна пензија за наши граѓани за да живеат достоинствено. Во сферата за лица со попреченост донесовме вистинска реформа, административно решавање на негата за брз рок. Социјалната помош ја зголемивме за 300 отсто. Голем број на деца добија 8 пати повеќе детски додаток. Воведовме образовен додаток, сакавме децата да ги извадиме од раскрсниците во Скопје за да учат. Рековме ќе ги вратиме парите кај граѓаните, а преку радиодифузна такса и евтина струја во секое семејство на секои три месеци од тоа влегуваат плус средства. Имаме 5500 денари повисока минимална плата за повеќе од 100 илјад граѓани. Ова го говориме врз основа на она што го правиме, рече Шахпаска.

Почитувајки ги мерките за заштита од коронавирусот Шахпаска порача до граѓаните на 15 јули да го заокружат бројот 3 затоа што СДСМ може уште повеќе и уште подобро, додаде Шахпаска.

Во својот настап пред делчевчани, носителот на листата во Третата изборна единица Љупчо Николовски истакна дека ова е завршен настан на коалицијата во оваа изборна единица, а за него било чест да се биде помеѓу граѓаните на Истокот во изминатите неколку дена.

– Им благодарам на тие граѓани за она на што треба да се обврземе и да го работиме во наредниот период. Колку патишта како булеварот, Делчево Ѕвегор, Делчево Пехчево, како градскиот пазар, како многу проекти кои ќе се реализираат, колку такви проекти ќе беа реалност ако парите не се инвестираа во стиропор како Белата Палата или Скопје 2014. Граѓаните ставија крај на тоа во кое во минатото се окупираа и делчевски фирми, хараа овде инспектори, ги уценуваа луѓето и знам ладно беше кога решивме да ставиме крај на тој режим, ладно е и денес, а тоа значи дека ќе победиме за големо изненадување, од тука ќе ја пратиме пораката за крај на режимот, рече Николовски.

Тој рече дека нема дамка зад ниту еден кандидат во ИЕ 3, и затоа пред граѓаните зборува со чист образ.

– Зад нас во претходните години имаше и крв во Собранието. Од раскарана држава и во која некој ретко имаше верба, никој не веруваше дека Груевски ќе падне, а не денес да сме во НАТО. А го срушивме заедно со сите вас, со многу труд со пенкало и глас и ја формиравме Владата и како прв човек на централниот штаб од Делчево ќе кажам дека Владата ќе ја предводи СДСМ ова го покажуваат и сите анкети кои ги прават ренормирани институти, не институти кои на интернет не можете да ги најдете, анкети кои ја потврдуваат вредноста на СДСМ и коалицијата, но клучно е дека граѓаните два спрема еден веруваат дека  СДСМ ќе ја формира новата Влада, затоа што имаме најразнолика коалиција, која ги претставува сите и демократите и социјалдемократите, најмоќна коалиција досега додаде Николовски.

Денес тука, додаде Николовски, даваме збор со градоначалникот, со вашата пратеничка, дека ќе се гради проектираниот пат кој го поврзува Делчево со Кочани, со граничниот премин и со Истибања, заради тоа што нашиот збор вреди.

– Останатите кандидати ги слушаме како ќе удираат боксови, тоа доволно говори дека делат, а ние ставивме крај на делбите и поделбите и покажавме како вистински да се грижите за Истокот. Ќе ги вратиме Македонците во истокот , младите ни требаат тука, да го вратиме достоинствено за сите млади луѓе тука да работата, а да ги извезуваме нашите производи Македонците дома а нашите производи во странство и затоа даваме збор дека ќе го оствариме, додаде носителот во ИЕ 3 од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Љупчо Николовски.

Тој рече дека само СДСМ се бори за НАТО и се избори и за новата развојна македонска економија, и овозможи за краток период да се потврди македонскиот јазик и денес да озвозможиме денес грчки премиер да го цитира Блаже Конески, со целата посебност со сето она што е македонско.

– На 15 јули не само што ќе победиме туку нашата желба е многу чист мандат кој треба да дојде од граѓаните најмногу заради нашата посветеност енергија и ншата одлучност, заради кој го заслуживме овој чист мандат. Да ставиме крај на режимот за да побргу преговараме со Европската Унија, порача Николовски

На 15 јули победува коалицијата „Можеме“ затоа што можеме уште повеќе, можеме уште подобро, рече на крај од говорот Николовски пред делчевчани.

Поврзани вести

Џафери: Сега за сега, стабилна и усогласена е коалицијата СДСМ-ДУИ

Никола Поповски

Заев: Со членството во НАТО никој нема веќе да се осуди да ја дели, парчоса или нападне нашата држава

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и власта вршат притисок врз ДИК

Александрова: Сме имале средби и со Заев и со Мицкоски, не функционираме на начин да снимаме политичари

Александар Тодески

Велковски: Мораше да биде покачена платата, не може едно семејство да живее со 18 илјади

Viktor Jovanov

По 40 дена боледување, докторката Николиќ доби негативен тест на Ковид 19

Берта Китинска