МАКЕДОНИЈА

Николовски од Куманово им се заблагодари на хероите од НОБ заслужни за слободата

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски денеска заедно со државниот врв предводен од премиерот Зоран Заев присуствуваше на одбележувањето на 11 Октомври-Денот на народното востание во Куманово.
– Оддадов почит на борците, на хероите, на учесниците во народното востание. Слава им на хероите и на сите учесници во народно-ослободителната борба. – порача Николовски.

-На Денот на народното востание на македонскиот народ, им оддаваме почит на 66. македонски народни херои кои се бореа за нашата слобода. Ви благодариме за храброста, за темелите што ги поставивте и за иднината што ја изградивте. – напиша Николовски на својот Фб профил.

-Честит 11 октомври, заветот на борците е наша водилка, продолжуваме по патот на слободата, еднаквоста и сигурноста! – рече генералниот секретар на СДСМ.

Поврзани вести

На Гумење ноќеска се тепале коњаници од Лисиче со крушевчанец, полицаец пукал во воздух да ги смири

Денеска облачно, посвежо и ветровито со повремен дожд

Александар Петровски

Заев: За само три години просечната плата порасна за 4.059 денари

Под посебни здравствени протоколи: Пoчна седница за конституирање на Собранието

Берта Китинска

Премиерот Заев ќе ја предводи владината делегација на Самитот на НАТО во Лондон

ФИТР со нови повици за кофинансирани грантови за технолошки развој

Елена Даскалова