МАКЕДОНИЈА

Николовски: Правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ ќе го разгледа донесувањето на Законот за ЈО

Емитувањето на првите прислушкувани разговори беше во февруари 2015, сега е февруари 2020 – политичката криза трае 5 години, така што е неодржливо за било кого да продолжи оваа политичка криза. Мислам дека и ние и СДСМ ги „збудалевме луѓето“. На Македонија и е потребна стабилност и мир. Како и да завршат изборите треба да заврши кризата и да имаме еден дух на соработка во годините кои што доаѓаат“, изјави за Утрински брифинг на „Слободна ТВ“ Александар Николовски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Николовски смета дека Уставниот суд е една институција која мора да се изјасни по оваа работа, како одговор на прашањето кои се правните инструменти што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги бара околу проценката на постапката на гласање во Собранието околу Законот за ЈО.

– Било кој функционер надвор од Македонија секако дека ги гледа резултатите – резултатот е дека законот е изгласан, а каква е содржината на законот, секако дека ќе се цени доколку се отворат преговорите. Она што ме загрижува, мислам дека ќе има поларизација на нашите поддржувачи. Од една страна социјалистите, од друга страна десничарите од ЕНП. Тие пораки биле злоупотребувани во минатото, не гледам дека ќе биде и сега поинаку. Многу имаме за менување по изборите, вели Николовски.

Поврзани вести

Еднократна парична помош за 55 семејства во Општина Центар

Берта Китинска

Николовски: Решени се покрупните проблеми, ништо не стои на патот во борбата против корупцијата

Повеќе од тројца патници, вклучително и возачот не смеат да се возат во ист автомобил, вели Петровска

Влатко Зорба

Заев: Патувајте во соседните земји само тогаш кога е најнеопходно

Никола Поповски

Живковиќ: Продолжуваме со унапредување на работничките права – недела ќе биде неработен ден за сите работници

Никола Поповски

Чулев назначил началник на СВР Тетово во изборен период и без потпис од Петровска

Александар Тодески