МАКЕДОНИЈА

Николовски: Создаваме судство каде нема да може никој да врти телефони и да нарачува пресуди

Со помош на меѓународната заедница спроведуваме прочистување на сваровски судството. Судиите кои во фиока држат предмети ќе бидат разрешени. Сега кога државата е осигурана, безбедна и на вистински пат, се вртиме кон најприоритетните работи, а тоа е создавање на судство каде Заев и Мицкоски нема да вртат телефони и да нарачуваат пресуди.

-Се подготвуваат низа на сет на мерки. Секој судија и обвинител кој крие и застарува предмети ќе биде разрешен. Секогаш кога се збори за судство и НАТО, од ВМРО-ДПМНЕ се нервираат и се потат. Вие не сакавте да се смените, со промената на Законот на Јавно обвинителство ќе одговарате, му се обрати Николовски на Јанушев.

Генералниот секретар на СДСМ додава дека во скратениот мандат на владата приоритетот биле евроатланските интеграции и стабилизирање на државата.

-Во овој скратен мандат приоритет на земјата која беше пред финансиски колапс, и на раб на граѓански тензии, оставена во ваква ситуација од страна на Груевски, за 2 ипол години да стане, и успеавме во тоа, членка на НАТО. Оваа генерација на СДСМ ја носи државата напред. Се тепаа студенти, новинари, влеговте во Собрание да не тепате, тоа време заврши. Државата сега е безбедна и стабилна. ВМРО-ДПМНЕ ја однесе државата во изолација, поделби и реваншизам, сега штом се спомне НАТО и ЕУ се потат, вели Николовски.

Поврзани вести

Дебата „Професионална поставеност на новинарската професија – предизвици и компаративни искуства“

Влатко Зорба

Откупот на тутунот за Димковски е при крај, Трипуновски реагира дека има големи количини што не се откупени

Stefanija Kuzmanovska

Спасовски: Треба да го вратиме мандатот кај граѓаните и од граѓаните да побараме да ја донесат одлуката која е само во нивни раце

Никола Поповски

Мојсоски: 10 милиони евра за спортски ваучери за 2020 година

Берта Китинска

Јовановски кон судот: Ве молам не си играјте со мојот живот

Влатко Зорба

Заев го соопшти составот на новата влада

Александар Петровски