МАКЕДОНИЈА

Ноќеска стабилизирање на времето, за викендов нестабилно со пообилни врнежи

До крајот на денот времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, претежно во планинските подрачја, но и во делови од скопската котлина. Постепено стабилизирање, како што соопшти УХМР, се очекува во ноќните часови.

Според Управата, претстојниот викенд температурите ќе се намалат, а времето ќе биде нестабилно, локално со пообилни врнежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Минималната температура ќе биде  од 12 до 21, а максималната од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува осум. Во Скопје слично време со темература до 33 степени.

Во петок ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Поврзани вести

Гори депонија во Шуто Оризари (видео)

Новиот бран на заразени во Свети Николе е поврзан со кластер од Штип, вели Филипче

Мицкоски: Нема да поднесам оставка, ќе се борам против оваа антиреформска влада

ЈО: Итно и со приоритет се постапува по индиции за извршени кривични дела поврзани со изборите

Наместо да застане на даден знак, го удрил полицаецот со автомобил

ЈО започна предистражна постапка за оддавање службена тајна

Stefanija Kuzmanovska