МАКЕДОНИЈА

Нормализиран сообраќајот на превојот Плетвар за сите видови возила

По краток застој, особено за тешките товарни возила, нормализиран е сообраќајот на превојот Плетвар за сите видови возила кој се одвива во снежни услови.

Според Љупчо Блажески, раководител на пунктот Плетвар на „Македонија пат“ застојот настанал по 16 часот кога поминувала некоја државна делегација.

-Тогаш проблем беше запрените, особено тешки товарни возила, да се стават веднаш во сообраќај, па мораше дополнително на коловозот да се фрла сол за да се стават во сообраќај тешките товарни возила, ни изјави Блажески.

Возачите на запрените тешки товарни возила чија колона беше долга до влезот на градот, изјавија дека околу половина час чекаа да им биде дозволено од полицијата да поминат. Дури дека имало и некој извртен камион.
ега сообраќајот е нормализиран во двата правци за сите видови возила и се одива во снежни услви.

– Сега нема никаков застој во сообраќајот кој се одвива во двата правци за сите видови возила. Постројано врне снег, го има на коловозот, но екипите перманентно чистат и механизацијата е на располагање. така же биде во текот на ноќта, објаснува Блажески.

Според надлежните од „Македонија пат“ имаат доволно механизација и средства да го одржувата коловозот на превојот Плетвар.

Поврзани вести

Багески: За прв пат, после 50 години, се гради канализациона мрежа на улицата „Бистра планина“ во Прилеп

Влатко Зорба

Лазаревска: ВМРО-ДПМНЕ и Влатко Ѓорчев продолжуваат да работат директно на штета на граѓаните

Stefanija Kuzmanovska

Полицајка од Куманово возела како каскадер на автопат (ВИДЕО)

МВР: Казнети 620 лица за неносење заштитна маска

МОН: Се предвидува 15-минутни видеа со одреден час да се емитуваат на Националниот сервис

Никола Поповски

Чулев на средба со членови на ДИК: Ќе ги преземеме сите активности во насока на обезбедување слободни, фер и демократски избори

Никола Поповски