МАКЕДОНИЈА

Новата монтажна гаража во Расадник почеток на решавањето на проблемот со паркирањето во населбата

Општина Кисела Вода во периодот што следува ќе изгради монтажна гаража во населбата Расадник. Гаражата која ќе биде на два ката со вкупна површина од 1.500 м2, ќе располага со капацитет да прими околу 140 возила.

Во моментов, во тек е постапка за јавна набавка за избор на фирма изведувач на градежните работи, која ќе ја изработи и проектно техничката документација.

Од Локалната самоуправа за „Локално“ велат дека се свесни дека со изградбата на гаражата нема целосно да се реши проблемот со паркирањето, но ова ќе биде само почеток на решавањето на истиот.

На прашањето кога ќе биде пуштена во употреба монтажната гаража не добивме одговор.

Оттаму додаваат дкеа во иднина планирана е и изградба на катна гаража на четири нивоа.

Од општината вчера известија дека отпочнува изградба на нова монтажна гаража во Расадник.

Поврзани вести

Поднесени прекршочни пријави за активистите на Fridays For Future поради вчерашната герила акција (видео)

Никола Поповски

Микиќ: Најзагрозени се лицата над 60 години, највеќе заболени се лицата од 30 до 39 години

Viktor Jovanov

Делегација предводена од премиерот на маса со лидерите на земјите – членки на НАТО

Едукација на учениците за безбедно користење на интернет

user4

Милошоски: Мукоски ги отвори вратите и е на слобода, а оние кои влегоа се во затвор

Александар Тодески

Турската амбасада организирала нејзини државјани да заминат од земјава по копнен пат

Влатко Зорба