МАКЕДОНИЈА Политика

Новата Влада на СДСМ ќе има помал број министри

СДСМ започна сериозни, темелни преговори со претседатели и високи претставници политички партии кои се дел од новиот собраниски состав, за нов четиригодишен полн мандат на стабилно мнозинство во Парламентот и формирање посветена Влада, чија задача ќе биде и да спроведе сериозна реформа на јавната администрација.

Реформата ќе донесе ефикасно служење на потребите на граѓаните, но и промена со која обемот на администрацијата ќе се намали за 20%. Предвиден е помал број министри и рационализација на јавните служби, кои истовремено ќе обезбедуваат поголем број и побрзи услуги за граѓаните.

Администрацијата мора да им служи, а не да им биде товар на граѓаните и затоа во администрација ќе работат тие што се подготвени да им служат на граѓаните

Дел од реформата на администрацијата е укинувањето на патните трошоци за пратениците во Собранието, бидејќи покажа можност за злоупотреби и сериозно ја намали довербата на граѓаните во своите претставници.

Граѓаните ни ја дадоа довербата, бидејќи знаат дека во наредните четири години ќе работиме уште повеќе и уште подобро, се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани вести

Забрана за движење на населението и денеска

Шекеринска на телеконференцискиот состанок на НАТО министрите за одбрана за Ковид-19: Заедно сме посилни

Влатко Зорба

Мицкоски: Вистинското лице на власта е она кое се случило утринава во Ѓорче Петров

Влатко Зорба

Детали за полициската акција: Кои се уапсените терористите? (ФОТО)

Александар Петровски

Излезност до 19 часот: Охрид 49, Струга 35 отсто

Основниот суд во Штип преку соопштение ќе информира за бегалецот Игор Спасов

Maja_Serafimova