МАКЕДОНИЈА

Нови три смртни случаи од Ковид-19, меѓу нив и 44-годишна пациентка

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-24, Куманово-6, Дебар-4, Штип-3, Прилеп-1, Тетово-2, Струга-9, Велес-1, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-4, Гевгелија-3, Крива Паланка -1, Радовиш-1, Кочани-3, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-1, Делчево-3, Свети Николе-1.

Според министерството, починати се 3 лица, пациентка од Струмица (44г), пациент од Гостивар (58г) веднаш по прием и еден пациент од Охрид (79г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 54 оздравен пациент од: Скопје-8, Куманово-7, Штип-4, Тетово-1, Струга-4, Велес-2, Битола-2, Охрид-4, Гостивар-11, Гевгелија-1, Крива Паланка -2, Кочани-1, Берово-1, Виница-1, Свети Николе-3, Кичево-2.

Досега во земјата се направени вкупно 160.180 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15293, бројката на оздравени пациенти е 12754, на починати е 634, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1905.

Поврзани вести

Средба на премиерот Заев со пратеници од Албанија

Ангелов: Се судираме со проблеми при реализација на договореното со владата

Viktor Jovanov

Лесно ја шират болеста: 60% од вкупниот број на активни случаи во Скопје се асимптоматски

Филипче: Мицкоски и Заев се во изолација

Берта Китинска

Филипче: Ги подобруваме условите во Клиниката за психијатрија

МТСП: Со граѓанскиот сектор создаваме еднакво општество за сите

Ивана Рамаданова