МАКЕДОНИЈА

Новинарката Гетева ќе работи во Министерството за здравство

Кети Гетева, новинарка и уредничка од Алфа ТВ, од денеска ќе биде ангажирана во Министерството за здравство, како одговорна на Секторот за односи со јавноста. За нејзиниот ангажман, стигна потврда и од самото Министерство.

Министерството, како што посочуваат, нема портпарол, а сите изјави како и досега ќе ги даваат министерот Венко Филипче, како и останатите раководители на Клиники и институции во склоп на Министерството.

Освен Гетева и други новинари од телевизиите се на портпаролски места во министерствата.

Александар Видиновски од Канал 5 ТВ премина во Министерството за правда, на работно место портпарол и посебен советник за односи со јавноста на министерот Бојан Маричиќ.

Во Министерството за внатрешни работи (МВР), пак, се вработи Гоце Андреевски, кој на јавноста ѝ е познат како водител и новинар од Телма ТВ.

Поврзани вести

Претседателите Пендаровски и Пахор на прошетка низ Стариот дел на Охрид

Александар Петровски

СДСМ: Економските мерки на Владата предводена од СДСМ носат нова развојна економија

Коронавирус кај вработена во домот за геријатрија во Ѓорче Петров

Влатко Зорба

ФОТО: Пратеничките групи на средба бараат решение за Законот за Јавно обвинителство

Притвореникот во Шутка бил позитивен на Ковид-19

Берта Китинска

Поголем плати и модернизaција, продолжуваат реформите во армијата

Берта Китинска