МАКЕДОНИЈА

Македонски полициски синдикат: Пратениците да покажат зрелост и да дадат поддршка за Предлог Законот за Агенција за разузнавање

Македонскиот полициски синдикат, кој преку свои делегирани преставници активно учествува во изготвувањето на новиот предлог Закон на Агенција за разузнавање во делот на унапредување на правата на вработените, условите за пензионирање, како и во делот на рамноправно изедначување со платите на вработените од сродните државни институции, како што се МВР, АНБ и ОТА, преку соопштение денеска сподели дека ги охрабрува пратениците во македонскиот Парламент да дадат поддршка и покажат зрелост за донесување на Предлог Законот за Агенција за разузнавање.

„Со донесување на предлог законот за АР, се заокружуваат безбедносните реформи, како предуслов за влез на државата во НАТО и ЕУ, а воедно ќе се исправи долгогодишната неправда кон вработените во Агенцијата за разузнавање, кои конечно ќе можат да ги користат правата но и обврските кои се предвидени во предметниот закон“, велат од Синдикатот.

Поврзани вести

Министерот Сугарески го презентираше буџетот за ресорното министерство за 2020

Ивана Рамаданова

Три медицински сестри од штипската Клиничка болница ставени во изолација

Берта Китинска

Спасовски – Ѕуо: Поддршка за справувањето со здравствено-економската криза и за напредокот во евроинтеграциите

Берта Китинска

Северна Македонија останува посветена за зачувување на статусот на Светско наследство за Охридскиот регион

user3

Царовска го испрати своето синче Давид на првиот училишен ден (ФОТО)

Берта Китинска

МЗ: 41 нов случај на заразени со КОВИД-19, 29 излекувани пациенти

Влатко Зорба