МАКЕДОНИЈА

Нуредини до новинарите: Не е баш лошо да го знаете албанскиот јазик

На прес конференција на која ги презентираше новите проекти и приоритети министерот за животна средина Насер Нуредини зборуваше на англиски јазик.

На новинарско прашање, зошто не зборува на македонски јазик, Нуредини изјавил дека полека го учи македонскиот јазик.

„Ви благодарам на прашањето, и ве разбирам многу добро, можам да се изразувам и многу добро ако сакате да знаете, ќе научам полека нормално, обврска е за мене. Албански не е баш лошо да знаете, иако сум сигурен дека не зборувате. Што се однесува до мене, во иднина ќе зборувам и на македонски“, рекол Нуредини.

Тој додал дека разбира се од она што го прашуваат новинаритe на македонски јазик.

Министерот Нуредени одлично зборува англиски, германски и италијански јазик со оглед дека неговата професионална кариера се врзува за школувањето и  работата во Австрија, Германија и Велика Британија.

Поврзани вести

Ангела Меркел му го честиташе реизборот на Заев

Александар Петровски

Димовски: Потребно е рачно пребројување на гласовите

Тетовец нападнат со вила поради нерастичен долг

Хелсиншки комитет: Над 461 работник останал без работа последните шест месеци

Вархеји: Скопје да се посвети на дијалог со Софија за надминување на споровите

УЈП: Кривични за Томато и Меѓународен сојуз

Влатко Зорба