МАКЕДОНИЈА

Нуредини се извини зошто не одговорил на прашањата: Дојдов да придонесам, не да бегам

Мило ми е што луѓето го знаат моето семејство, моето семејство е многу отворено. Мислам дека луѓето бидејќи го знаат мојот татко, имаат и импресии за тоа кој сум, вели министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.

„Албанскиот ми е мајчин јазик и го зборувам, но не толку течно колку што сакам. Го разбирам Македонскиот, го учам интензивно, се надевам дека наскоро ќе можам да го зборувам течно. На почеток ми беше предизвик да ги читам документите, имам добар тим околу мене кој ми помага“, рече тој на прашање дали ги разбира Македонскиот и Албанскиот јазик.

Вели, сакал да биде транспарентен најмногу што може.

„Можеби не го направив тоа, не застанав да одговорам кога ме прашуваа за загадувањето, јас искрено се извинувам, дојдов да придонесам, не да бегам. Можеби станува збор за културолошки разлики, но разбирам дека луѓето се заинтересирани за тоа што се случува. Ако е желбата, ќе излегувам во јавност, но сакам да го сторам тоа кога ќе има вистински резултати. Најголем проблем имав да се прилагодам на јавната администрација, не ми требаше време да се прилагодам на културата“, рече Нуредини.

Според министерот, мора сите да размислуваат за одговорноста за животната средина.

Поврзани вести

Предлогот за вонредна состојба се доставува кај Пендаровски, тој во 18 часот ќе ја соопшти одлуката

Александар Тодески

Покрената иницијатива за Вонредно собрание на МОК

Влатко Зорба

Г.г. Стефан: Поминуваме низ период кој од нас бара послушност и воздржување, верниците да се молат во своите домови

Берта Китинска

Ковид 19, Македонија: Во континуитет висок број починати и новозаразени во земјава

Лукаревска: Колку ли работни места ќе се отвореа ако 650 000 евра не отидеа за кич, барок, стиропор и лажен сјаj?

Ристиќ: Пластични шишиња и разен друг отпад со саати и саати течат со Вардар

Александар Петровски