МАКЕДОНИЈА

Објавен огласот за субвенции за плински уреди во возилата

Министерството за економија денеска го објави јавниот повик за субвенционирање на дел од трошоците за вградување на плински уреди, метан или друг вид алтернативно гориво во возилата.

Ќе се субвенционираат до 50 проценти од трошоците, но не повеќе од 18 илјади денари за вграден плински уред во возило. Субвенционирањето ќе важи само за едно возило во семејство. За оваа намена се одвоени 15 милиони денари.

Право на учество имаат сите сопственици на возила произведени од 2005 година наваму, а барањата заедно со потребната документација може да се достават до Министерството за економија секој работен ден од 09:30 до 15 часот. Крајниот рок за поднесување на барањата е 2 декември.

Субвенционирањето ќе се врши по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Ова е една од мерките на Владата насочена кон намалување на аерозагадувањето.

Поврзани вести

Јавната седница за предметот „27 Април“ се одложува

Поднесени прекршочни пријави за активистите на Fridays For Future поради вчерашната герила акција (видео)

Никола Поповски

Прифатени измените на Законот за квалитетот на амбиентниот воздух

Stefanija Kuzmanovska

Мицкоски: Се обврзуваме на најмaлку 25 проценти зголемување на минималните плати и пензии

Николовска: Боки 13 не би можел сам да изрекетира ниту 500 денари во маалска продавница

Временска прогноза до крајот на неделата