МАКЕДОНИЈА

Обвинение за киднаперите на Италијанката, во стан ја затвориле девојка и ја присилуваа да се омажи со едниот од нив

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против две лица, на возраст од 19 и 20 години, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „противправно лишување од слобода“.

-Обвинителството ги товари обвинетите соизвршители дека на 3 јули 2020 година противправно ја лишиле од слобода и го ограничиле движењето на оштетената, државјанка на Република Италија. Првообвинетиот кој имал привремен престој во Италија, во државава пристигнал заедно со оштетената, со намера да ја убеди таа да склучи брак со второобвинетиот, негов роднина од Скопје, за да може и тој да замине во Италија. Откако пристигнале, тие ја заклучиле оштетената во стан во Охрид и се одалечиле во непознат правец. Настанот бил пријавен од Амбасадата на Република Италија, по што двајцата обвинети биле пронајдени и лишени од слобода, соопшти Јавното обвинителство.

Поради постоење на опасност од бегство на обвинетите, како и можност да го повторат кривичното дело, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид заедно со обвинението достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор за двајцата обвинети.

Поврзани вести

Попладне и во текот на ноќта нестабилно време, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Влатко Зорба

Влада: Постапивме законски и ги поништивме незаконските решенија на министерот Чулев

СДСМ со рамноправна листа на изборите, ВМРО-ДПМНЕ со Мицкоски како шпицен кандидат

Александар Тодески

Се зголемува бројот на заболени од Ковид 19 во Свети Николе

Чулев ги посети полициските службеници на граничниот премин Табановце

Димитровска: Некој мора да сноси одговорност за „Јавна соба“, особено поради размерот на групата

Viktor Jovanov