МАКЕДОНИЈА

Обвинителство Скопје: Нема основа за постапување по известувањето на Чулев за ОТА и АНБ

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Резолуција дека нема место за јавнообвинителска интервенција во поглед на поднесеното писмено известување од техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, кое се однесуваше на кривичните дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“.

Писменото известување, како што соопшти Јавното обвинителство, се однесувало на тоа дека има определени недоследности во функционирањето на Оперативно-техничката агенција (ОТА) и на Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

Надлежниот јавен обвинител направил проверки во МВР, во ОТА и во АНБ, од каде биле доставени потребните податоци за проверка наводите во известувањето.

– Од анализата на писменото известување, како и на доставените одговори и податоци, произлезе дека реформата на безбедносниот систем, основањето и функционирањето на ОТА и на АНБ, како и начинот на извршување на нивните надлежности, претставуваат системски прашања и од кривично-правен аспект не постои основ за постапување, наведуваат од Обвинителството.

Поврзани вести

„Рекет“: Се чека брза помош да го прегледа Боки 13, тој се жали на тортура

Влатко Зорба

Николовски кон Камчев: Доказите однеси ги кај Рускоска, само неа можеш да и веруваш

Влатко Зорба

Д-р Стевановиќ: Ризикот од нов бран позитивни лица од Ковид-19 е поминат

Рама го поздрави договорот за новата македонска влада: Важен ден за Албанците од С. Македонија

Никола Поповски

Иванов: Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ е насочена само кон Зоран Заев, исто како што беше кон Бранко Црвенковски

Ники СЕДИ ДОМА и изработува заштитни маски кои ги донира (ФОТО)