МАКЕДОНИЈА

Обвинителството отвори предмет за масовниот собир на верници во Струга

Струшкото обвинителство отвори предмет по објавување на снимките и фотографиите на социјалните мрежи, а во врска со масовното присуство на граѓани на Литијата одржана на 7 мај, по повод верскиот празник Св. Ѓорѓија.

„Постапувањето на обвинителството е заради присуството на граѓани на Литијата во услови на пандемија, кога не се почитувани Одлуките на Владата на Република Северна Македонија за задолжително придржување на здравствените прописи и тоа во однос на забраната за групирање во групи поголеми од две лица, потребното растојание од најмалку два метри меѓу лицата и задолжително носење на заштитни маски доколку просторот меѓу граѓаните е помал од пропишаното“, информираат од Обвинителството.

Во насока на утврдување на факти во предметот, струшкото обвинителство поднесе Барање до МВР – ОВР Струга за проверка на настанот и откривање на евентуални сторители на кривичното дело. Притоа, како што наведуваат од обвинителството, побарано е да се идентификуваат и повикаат организаторите на Литијата за да се утврди дали настанот бил уредно пријавен.

Се очекува да биде утврдено кој требало да учествува на настанот, каква дозвола добиле и дали е постапувано согласно истата, како и дали презеле дејствија како организатори да нема присуство на граѓани или пак со редарска служба да го обезбедат евентуалното присуство на граѓани, а во насока на примена на здравствените прописи во услови на опасност од ширење на заразната болест предизвикана од вирусот Ковид-19.

Обвинителството издаде и Наредба за обезбедување на безбедносните камери од околните објекти, со цел да биде извршена идентификација на лицата кои присуствувале на настанот, како и да се утврди дали лицата самоиницијативно присуствувале на настанот.

Поврзани вести

Мицкоски: Ќе ги провериме сите политичари да видиме кој безмилосно го крадел сопствениот народ

Ниту Спасовски ниту некој од неговото семејство немаат удел во било која компанија, велат од МВР

Александар Тодески

Во Тирана се одржува научна конференција „75 години образование на мајчин македонски јазик во Албанија“

Никола Поповски

Спасовски: Правната и институционалната рамка за заштита на фундаменталните права во голема мера е воспоставена

user3

Д-р Ѓорѓиоска: Учителите да ги учат, родителите да се дружат со своите деца

Берта Китинска

Шилегов: Ние за разлика од претходниците не сечеме дрва за да градиме згради

Влатко Зорба