МАКЕДОНИЈА

Од 1 јануари нема повеќе набавка на пластика за еднократна употреба

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска соопшти дека Владата ја усвоила иницијативата на Министерството за престанок на набавки на пластика за еднократна употреба и пластична амбалажа од страна на државните институции која ќе стапи во сила од 1 јануари 2020 година.

– Ова значи дека во следната јавна набавка спроведена од страна на Владата пластичните шишиња ќе бидат заменети со стаклени, нема да се набавуваат пластични чаши, сламки, лажичиња и друг пластичен прибор за еднократна употреба и нема да се набавуваат добра како шеќер во пластична амбалажа, туку рефус, појасни Нуредини пред почетокот на јавната дискусија со претставниците од локалната самоуправа и јавните комунални претпријатија.

Тој посочи дека било одлучено и дека Службата за општи работи и услуги и сите министерства, органи во состав, секретаријати и стручни служби нема да склучуваат договори за јавна набавка со производители, без да поднесат доказ дека најмалку за тековната година во целост ги исполниле обврските во согласност со законодавството во областа на проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад.

Овие мерки, како што посочи Нуредини, се дел и од планот за спречување на создавањето отпад во РСМ, кој бил подготвен од страна на Министерството и ќе биде официјално донесен по усвојувањето на новиот пакет закони за управување со отпадот кој во моментот е во фаза на консултации и за кој се одржуваат јавни расправи.

Новиот пакет закони, како што посочија од Министерството, ги надградува правилата и процедурите за управување со отпад од пакување, батерии и акумулатори, како и електрична и електронска опрема, но воведува и нов Закон за дополнителни текови на отпадот што ќе го регулира управувањето со отпад од возила, гуми, масла и текстил.

Јован Мазгански од невладината организација „Еко-Скопје“ денеска изјави дека не се задоволни од мерките преземени од страна на власта за проблемот со аерозагадувањето.

– Не верувам дека власта презела се што треба да преземе, мислам дека најмногу затаиле инспекциските служби. Се обидуваат, но тоа не е доволно, веројатно треба значајно повеќе да се направи, рече Мазгански.

Тој смета дека пластичните ќеси се проблем, меѓутоа за загадувањето на воздухот не се проблем.

Поврзани вести

Висок одѕив во Скопје: Најголема излезност во Аеродром и Бутел

МЗ: Починаа три лица, утврдени 25 новозаболени од Ковид-19

Берта Китинска

Филипче: Коронавирусот ќе донесе трајни промени и во здравствениот систем и во начинот на живот

Берта Китинска

При крај е обновата на конаците на манастирот Трескавец

ВМРО-ДПМНЕ: Преодна стратегија за справување со здравствено-економската криза во првите 100 дена од доаѓањето на власт

Засилени инспекциските надзори на ДИЖС

Ивана Рамаданова