МАКЕДОНИЈА

Од 1 јуни: Црна Гора ги отвора границите за Македонците

Од 1 јуни Црна Гора ќе ги отвори границите за влез на странците од 26 земји на Европската унија и регионот без карантин и изолација, јавила известувачот на „Ал Џезира“ од Подгорица, Милица Мариновиќ.

„Критериумот е помалку од 25 активни случаи на Ковид- 19 на 100.000 жители“, изјавила Мариновиќ.

„Меѓу државите во регионот, на граѓаните на Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Косово, Албанија и Словенија ќе им биде дозволено да влезат во Црна Гора. Националното тело за координација ја донесе оваа одлука по предлог на Институтот за јавно здравје на Црна Гора“.

Црногорската граница сè уште нема да биде отворена за граѓаните на Србија, одлука која веќе неколку дена предизвикува остри реакции од официјален Белград.

Поврзани вести

Досега позитивни на Ковид 19 тројца функционери во Македонија

Берта Китинска

Мицотакис со честитка до Заев: Спремност за зајакнување на соработката на политички и економски план

Никола Поповски

Заев: Амандманите на ДУИ дадоа сериозна причина за размислување во СДСМ

Александар Тодески

МЗ: 41 нов случај на заразени со КОВИД-19, 29 излекувани пациенти

Влатко Зорба

Мицкоски: Македонија плаќа најскапа цена на струја во Европа

Чулев во посета на полициските службеници распоредени на пунктови кај Маврово и Бошков Мост