МАКЕДОНИЈА

Од Дебар заминаа 106 од затекнатите граѓани од други градови од државава

Доцна попладнево од Дебар заминаа 106 лица кои беа затекнати со прогласувањето на кризната сосотојба во Дебар и Центар Жупа, поради коронавирусот.

Како што информираа од Оперативниот штаб станува збор за лица од други градови на Северна Македонија,кои беа сместени во хотелските капацитети на „Дебарски Бањи -Цапа“, а кои се согласиле да останат во домашна изолација уште 14 дена.

Со полицска придружба, во зависност од местото на живеење, дел заминаа преку контролниот полициски пункт на Бошков Мост, на патот кон Маврово, додека дел преку пунктот кај ХЕ „Глобочица“ на патот кон Струга.

Останатите 12 лица, странски државјани, пред се од Шведска и Албанија, Дебар ќе го напуштат според соодветен протокол во соработка со Амбасадите на земјите од каде што се.

Затекнатите лица во четвртокот попладне беа вратени од контролнте полициски пунктови поради тоа што имале само потврда од епидемиолог дека се здрави, но во договор со надлежните и согласност на лицата да останат во домашна изолација уште две недели тие доцна попладнево заминаа во своите домови.

Поврзани вести

Во Кичево се преземаат мерки за изолирање на првиот случај со коронавирус

Александар Петровски

Почнува со работа „Демократски Форум“ – Здружение за слободни граѓански иницијативи

Никола Поповски

Сончево и топло со температура до 26 степени

На МРТ: Денеска во „ТВ училница“ повеќе лекции по различни предмети

Берта Китинска

Скопје на врвот: Во овие три населби има најголем број заразени со коронавирусот

Собранието се уште не може да го усвои дневниот ред

Никола Поповски