МАКЕДОНИЈА

Одбележан Меѓународниот ден на Бошњаците

Денес со свечената академија организирана од бошњачките здруженија Форум на Бошњаците, Шадрван и Диван бил одбележан Меѓународниот ден на Бошњаците.

Меѓу присутните на свечената академија биле министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, пратеникот во Собранието Зеќир Рамчиловиќ, пратеникот Кастриот Хоџа, претседателот на ИВЗ реис-ул улема Шаќир Фетаху, академик Ферид Мухиќ и многу др.

Во име на организаторите на присутните им се обрати претседателот на Форумот на Бошњаците, Енес Шемсовиќ кој ги поздрави присутните и им се заблагодари на присутните истакнувајќи: “За нас Бошњаците Македонија е наш дом, Бошњаците се една од најсилните кохезивни алки во општеството и поддршка на сите процеси кои ја дефинираа Македонија како суверена и независна држава.”

Пратеникот Зеќир Рамчиловиќ, кој е и единствен пратеник од бошњачката заедница во Собранието упатувајќи честитки до Бошњаците истакна: “Македонија е наша заедничка куќа, иако сме помалкубројни, таа немаше да биде така богата доколку Бошњаците не се дел од неа. Влогот и подршката на прогресивните сили во државата од Бошњаците е огромна, а Бошњаците извршуваа најзначајни функции и ги извршуваа посветено, чесно и транспарентно во интерес на сите граѓани. Искрено верувам дека така ќе биде и во иднина и дека сите заедно ќе продолжиме да работиме и да ја градиме нашата заедничка куќа.”

Во име на Владата на присутните им се обрати министерот Оливер Спасовски кој истакна: “Македонија и Босна и Херцеговина, како матица на сите Бошњаци каде и да се наоѓаат, се поврзани со силно партнерство и заеднички стремежи за билатерална и регионална соработка во сите сфери, но и за внатрешна стабилност и развој, а вие Бошњаците сте составен дел од нашето културно и општествено милје, дел од прифатениот концепт „Едно општество за сите“.

За заслуги во изминатиот период им беа доделени признанија на градоначалниците Аце Коневски, Висар Ганиу и Блерим Беџети, на реис-ул улема Шаќир Фетаху и на министерот Оливер Спасовски.

Во текот на одбележување на Денот на Бошњаците, во Горно Оризари, Велешко е одржана свеченост на која присуствуваше и претседателот на Владата Зоран Заев. Здружението “Диван” традиционално ја објави збирката поезија “Мостови на пријателство 4”. Честитки по повод Денот на Бошњаците, денеска упатија претседателот на Македонија Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, како и бројни политички лидери во земјата и регионот, посакувајќи просперитет и успех во сите сфери на општественото живеење на Бошњаците, кои се нераскинлив дел од мултикултурното општество на државата, се наведува во соопштението на организацијата на Бошњаците ,,Диван”.

Поврзани вести

Скопјанец извршил самоубиство со скок од зграда во скопската населба Север

Османи ги прими копиите од акредитивните писма од новоназначениот амбасадор Милан Предан

Александар Петровски

Влада: Со Уредба скратени четири милиони евра за исплата на политичките партии за 2020 година

Д-р Ристески: Дексаметазонот во помали количини ја намалува цитокинската бура

Граѓани го блокираа автопатот Тетово – Скопје поради зголемената цена на струјата

Поповски: Ја обезбедивме слободата, и сега треба да ја сочуваме, бидејќи 11 години режим создадоа многу проблеми

Берта Китинска