МАКЕДОНИЈА

Одбраната бара од Апелација враќање на пасошот на Орце Камчев, понудена гаранција од над 3 милиони евра

Јордан Камчев веќе неколку пати ја користел претходно издадената времена исправа за патување, што покажува дека нема да се даде во бегство, додека понудената гаранција од над 3 милиони евра е многу сериозна, особено што се однесува на враќање на патна исправа, а не на мерката притвор.

Ова го наведе одбраната на осомничениот во „Империја“ бизнисменот Јордан Камчев, образложувајќи ја денеска пред Апелацискиот суд во Скопје, жалбата за укинување на мерката претпазливост и одземање на патна исправа, со предлог хипотека.

Адвокатот Антонио Апостолски, образложувајќи ја жалбата, рече дека судот претходно му определил времена исправа за патување и обвинетиот неколку пати ја користел, што покажува дека не држи наводот дека ќе се даде во бегство, како и дека е доставена дополнителна гаранција со вкупна вредност од 3,18 милиони евра.

– Не е направно вештачење и наведената штета се само наводи на обвинителството. Можеа овие година и нешто колку трае истрагата да направат проценка за судот точно да знае, изјави Апостолски.

Дополнително, посочи дека понудената гаранција од над 3 милиони евра е многу сериозна, особено што се однесува на враќање на патна исправа, а не на мерката притвор.

Јавен обвинител од Вишото обвинителство, образложи дека, немало суштествена повреда на постапката и дека останува на писменото барање за отфрлање на жалбата како неоснована.

Судот, во образложението на одлуката, наведува дека се уште постојат причините поради кои е одземена патната исправа, имајќи ја предвид тежината на делото за кое се терети, двојното државјанство и тоа дека понудената гаранција е помала од имотно-правната корист со која се стекнал.

Одлуката ќе биде соопштена преку првостепениот суд.

Поврзани вести

Има согласност да се одложи најавениот прекин на реемитување на домашните и странските телевизиски канали

Полициско возило удрило во два мопеди, повредени се две девојки

Никола Поповски

Здравствените услуги за лечење од коронавирусот нема да се плаќаат

Заев: Визијата на Делчев станува мост кој нѐ поврзува со другите народи за обединета Европа

Stefanija Kuzmanovska

Претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег

Stefanija Kuzmanovska

Се трага по еден од четворицата напаѓачи кој денеска претпладне повреди полицаец во Велес

Никола Поповски