МАКЕДОНИЈА

Одбраната на Јанкуловска: Спроведувањето во „Идризово“ е надвор од законските процедури

Според адвокатката на Гордана Јанкуловска, Сања Алексиќ, спроведувањето на поранешната министерка за внатрешни работи на издржување на затворската казна во „Идризово“ е надвор од законските процедури.

За Алексиќ, штетата е веќе направена и сега е доцна да се реагира.

„Нема примена во текот на вчерашниот ден упатен акт кога треба да се јави доброволно… На кој начин ќе реагираме за тоа што е направено, ако и се врачеше упатен акт. Штетата е направена, таа знаеше дека ќе треба да се јави на издржување, но има процедура има закон повреден е законот на штета на осудената. Имаше еден упатен акт кој бше со конкретен датум, на кој бараше одложување поради возраста на детето. Друг упатен акт нема добиено“, изјавила Алексиќ.

Претходно Јанкулоска побара и доби одложување на одење во затвор, а втор пат тоа го направија нејзините адвокати кога побараа од Врховниот суд да ја преиспита пресудата против неа.

Од Основниот кривичен суд, пак, вчера соопштија дека на ексминистерката претходно веќе ѝ е издаден упатен акт кој не се реализираше бидејќи Врховен го одложи извршувањето на казната, па сега со новата одлука на највисокиот суд, стариот упатен акт само се активирал и немало потреба од издавање на нов.

Јанкулоска од вчера попладне почна да ја отслужува казната за случајот „Тенк“, кој се однесува на набавката на блиндираниот „мерцедес“.

Поврзани вести

Митрески: За две и пол години исплатени се 314,5 милиони денари субвенции за земјоделците

Филипче: Најголем број од починатите лица имале хронична болест на белите дробови или дијабетис

Пендаровски со организаторите на Струшките вечери на поезијата и поетесата Ива Дамјановски

Александар Петровски

Шеќеринска за предложениот датум за избори од опозицијата: Кој експерт ќе гарантира дека во август ние ќе немаме нови заболени и поголеми ризици?

Заев-Жбогар: По изборот на новата Влада видлива е нова енергија за ефективна работа

Никола Поповски

Бошковска Јанковски: За вработениот Јакимовски има дисциплинска постапка поради закани кон други вработени и кон мене

Никола Поповски