МАКЕДОНИЈА

Охрид наутро исчистен од отпад, навечер ѓубре се фрла насекаде

Јавното претпријатие „Охридски комуналец” деновиве кога е шпицот на сезоната, покрај редовите активности за одржување на хигиената низ градот и долж крајбрежјето, дополнително се ангажира за собирање на отпадот, што секојдневно се остава на најпосетуваните локации, по парковите, на кејот на езерото, на шеталиштата, атрактивните места во стариот дел на градот.

Како и изминатите денови и ова утро јавните површини низ градот се целосно исчистени од фрлени отпадоци, а плоштадите и улиците измиени. Тие активности се спроведуваат секојдневно, а во активностите се вклучуваат и самоорганизираните граѓански здруженија, младите ентузијасти кои групно чистат и собираат отпад од плажите, но сето тоа е недоволно ако отсуствува свеста за потребата од заштита на околината.

Во координирана акција екипи на „Охридски Комуналец” и планинската спасителната служба при Црвениот крст-Охрид утрово го расчистуваа тешко пристапниот терен на потегот кај локалитетот Канео каде несовесни гости, главно помлади лица, амбалажата што ја носат со себе ја фрлаат насекаде, па и зад потпорниот ѕид долж патот, што води кон црквата Свети Јован.

Грдите слики од фрлен отпад насекаде се повторуваат секојдневно што не доликува на Охрид и неговиот статус на најпознато и најпосетуванио туристичко место во земјата. Оттаму и апелите на сите субјекти до посетителите малку повеќе да се грижат за заштитата на нашите природни убавини и националното културно историскиско богатство.

Поврзани вести

Пандов: После Договорот со Бугарија ние ќе бидеме Бугари

Физички нападнат новинарот Љупчо Златев

Со џип прегазен дедо во скопско

Никола Поповски

Деспотовски: Трошокот на човечкиот живот не го ставаме како дискутабилно прашање

МЗ: Здравствениот дом во Битола позитивен пример за успешно работење

Филипче: Предлагаме оваа недела отворање на моловите и спортски обложувалници, а од следната недела и рестораните