МАКЕДОНИЈА Хроника

Охриѓанец наместо да седи во самоизолација предизвикал тепачка на улица

Охриѓанец во самоизолација излегол од дома и со автомобил му го попречил патот на сограѓанин,  кого го претепал и му се заканил дека ќе го убие, информираше полицијата.

-На 08.07.2020 година околу 11.30 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од К.М.(33) врз М.Л.(23), двајцата од Охрид. Напаѓачот, иако имал решение од Државниот здравствен инспекторат за одредена  мерка „изолација“, го напуштил својот дом и управувал патнички автомобил по булеварот „Туристичка“ со кој му го блокирал патот на сега нападнатиот, физички го нападнал и му упатил сериозни закани по неговиот живот, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против напаѓаќот ќе биде поднесена соодветна пријава

Поврзани вести

Царовска: Граѓаните не смеат да останат без своите придонеси

Влатко Зорба

Сто и три полицајци во изолација, 14 од нив позитивни на Ковид-19

Заев се сретна со нашиот тим од заедничката комисија за историски и образовни прашања со Бугарија

user4

Државниот секретар и четворица вработени во МВР одат во самоизолација

Собраниската Комисија за европски прашања денеска ќе ја продолжи расправата за законот за ЈО

Stefanija Kuzmanovska

УЈП: Граѓаните да ги проверат податоците од трансакциската сметка заради повратот на ДДВ

Влатко Зорба