МАКЕДОНИЈА

ОЈО ги отфрли кривичните пријави од Петровска и Чулев

Обвинителството по два предмети констатира дека функционирањето на техничката Влада претставува политичко прашање, а спорните прашања меѓу членовите на техничката Влада претставуваат предмет на други со закон регулирани постапки, соопшти Јавното обвинителство.

Оттаму посочуваат дека дополнителниот заменик министер за внатрешни работи поднесе кривична пријава против техничкиот министер за внатрешни работи за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и за „несовесно работење во службата“, во која се наведува дека на 8 јануари 2020 година пријавениот во својство на министер за внатрешни работи издал телеграма до сите организациони единици на БЈБ, сектори за внатрешни работи и регионални центри за гранични работи, со која им наредил на сите раководители неподигнатите решенија потпишани од поранешниот министер кои се уште не биле врачени, да не ги врачуваат, се до добивање на дополнителни насоки и воедно донел 89 незаконски решенија за прераспоредување на раководни работници.

– Пријавениот иако знаел дека во Одлуката на Владата од 92 февруари 2020 година овие решенија биле поништени во целост, на 10 февриари 2020 година испратил телеграма до сите организациони единици и побарал почитување на неговите поништени решенија, а на 14-ти истиот месец издал нови решенија со кои на работните места од раководните работници од МВР кои користеле платено осуство од работа распоредил работници од времен карактер за замена на привремено отсутните работници, а во месец февруари објавил и интерни огласи за распоредување на работници во МВР, кои одлуки биле само со негов потпис, се наведува во соопштението.

Надлежниот јавен обвинител согласно Законот за кривична постапка направил проверки кај дополнителниот заменик на министерот за внатрешни работи и кај техничкиот министер за внатрешни работи, па по целосна анализа на наводите од кривичната пријава, прилозите кон неа и направените проверки донел решение со кое ја отфрлил кривичната пријава, бидејќи пријавените дела не се кривични дела за кои се гони по службена должност.

– Во ОЈО Скопје по допрен глас беше оформен предмет против техничкиот премиер, а дополнително, со иста содржина, техничкиот министер за внатрешни работи поднесе кривична пријава против техничкиот премиер за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“, а дополнително техничкиот министер за внатрешни работи поднесе друга кривична пријава против техничкиот премиер за кривично дело „несовесно работење во службата“. Предметот отворен по допрен глас и поднесената кривична пријава се однесуваат на поништени решенија на седница на Владата. Според наводите, на 15 февруари 2020 година како точка на Дневен ред била ставена и точката поништување на решенија донесени од страна на техничкиот министер за внатрешни работи за распоредување на вработени во МВР и таа точка била усвоена од Владата. Во пријавата техничкиот министер за внатрешни работи наведува дека бројот на решенијата за поништување, што била точка на Дневниот ред на Владата, не соодветствува на бројот на решенијата објавени во Службен весник на Република Северна Македонија, се вели во соопштението.

Дополнително, техничкиот министер за внатрешни работи поднел кривична пријава против техничкиот премиер, која се однесува на тоа, дека на 23 јуни 2020 година Владата донела Одлука за поништување на Решението за именување на началник и дополнителен заменик началник во СВР Тетово. По оваа кривична пријава надлежен јавен обвинител направил проверки во Владата од каде биле доставени податоци и по анализа на наводите во кривичните пријави, прилозите кон нив и дополнително прибавените податоци, донел Решение со кое се отфрла кривичната пријава бидејќи пријавените дела не се кривични дела за кои се гони по службена должност.

– И во двата предмети, надлежните јавни обвинители во донесените решенија утврдија дека заштитата на правата по донесените и поништените решенија може да се остварат во други со закон регулирани постапки, а не со кривично-правна интервенција, наведуваат од Јавното обвинителство.

Поврзани вести

Мајка пријавила дека врз нејзината 15-годишна ќерка била извршена обљуба

Во општина Карпош ќе се одржи Вело-родео за најмладите

Александар Петровски

Трудница од Гостивар меѓу починатите од коронавирус

Влатко Зорба

Бочварски: Утре во Штип го пуштаме во употреба новиот, челичен мост на Брегалница прв од ваков тип во државата

Исчезнала изјавата на родилката која лажеше дека е докторка и дека немала контакт со позитивен на Ковид-19

Коневски: Мицкоски зошто не си одиш достоинствено?

Александар Петровски