МАКЕДОНИЈА

ОЈО поднесе обвинение за Јово Вангеловски за злоупотреба на службена положба

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против  поранешен претседател на Врховниот суд, кој го сторил кривичното дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

– На 30.11.2018 година во својство  на службено лице – претседател на Врховниот суд на Република Македонија, обвинетиот донел поединечни решенија за сите судии на Врховниот суд со кои им го утврдил додатокот на плата за месец ноември во износ од 35 проценти од основната плата,  кој согласно законот им следува за посебни услови за работа, постоење на висок ризик и доверливост. Притоа, свесно, со намера потешко да и ги повреди правата, обвинетиот не донел Решение за исплата на додаток на плата во износ од 31.839,00 денари за оштетената – судија во Врховниот суд, која во конкретниот период не користела отсуство од работа, стои во соопштението од ОЈО.

Обвинетиот, посочуваат од ОЈО, постапил спротивно на член 7-б од Законот за платите на судиите и член 7 од Правилникот  за додатоци на плата, нивната висина и начинот на утврдување за судиите во Република Македонија донесен од Судскиот совет на Република Северна Македонија, со што го сторил кривичното дело кое му се става на товар.

Поврзани вести

СДСМ: Фактите за скандалот со медицинскиот отпад покажуваат директна поврзаност на ВМРО-ДПМНЕ и криминалот на Никола Груевски

Царовска: Најавите на ВМРО-ДПМНЕ за чепкање во Преспанскиот договор ќе ја врати државата во изолација

Филипче: Ние сме меѓу првите 30-40 светски земји во направени тестови на милион жители и во целосниот пристап на ситуацијата

Таткото на Тричковски кон Беџети: Точно ли е дека сте добиле шамар од Асани поради екстрадиијата на обвинетите?

Влатко Зорба

ДИК регистрира 31.107 неважечки ливчиња на вчерашните избори

Тачи: Косово не сака да ја замени својата евроатлантска перспектива со ниту една регионална иницијатива

Влатко Зорба