МАКЕДОНИЈА Хроника

ОЈО Штип предложи казни од по 500 евра за четири лица кои не го почитувале полицискиот час

Основното јавно обвинителство Штип поднесе предлози за издавање казнени налози од по 500 евра против четири лица за кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

-Обвинетите делото го сториле непочитувајќи ја Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат без да поседуваат дозвола за тоа, соопшти ЈОРМ.

Надлежен јавен обвинител за сите обвинети предложи парични казни од по 500 евра, односно 50 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 10 евра.​

Поврзани вести

Отворени прифатните пунктови за бездомни лица

Никола Поповски

Филипче: Поради викендите имаме промена на бројот на тестови и на новодијагностицирани

Агенцијата за разузнавање: Кај опозицијата да преовладее здравиот разум и да го поддржи предложениот закон за АР

Stefanija Kuzmanovska

Митрески: Капиталните градби продолжуваат и во вонредните услови во кои живееме

Продолжува судењето за „Таргет-Тврдина“

Влатко Зорба

Построги контроли од МВР и инспекторите во таргетираните подрачја со поголем број на новозаразени