МАКЕДОНИЈА

Османи: Да се однесуваме сите како да сме позитивни, и како секој околу нас да е позитивен

Слушам многу шпекулации за улогата од секој од нас во време на пандемија, посебно, конформизмот на политичарите спроти верските заедници. Еве една објективна хронологија на мојата улога, напиша вицепремиерот Бујар Османи на Фејсбук.

Ви го пренесуваме статусот во целост.

„По неуспешниот обид на Владата на 15 март за да ги убеди верските заедници за спречување на колективните верски активности (средба која што беше реализирана во Влада), на 17 март 2020 ја посетив ИВЗ и по една конструктивна и аргументирана средба, заедно со високите претставници на ИВЗ, јавно ја соопштивме одлуката за затварање на џамиите. Одлука за што околу 2 месеци бев силно критикуван и навреден од страна на многу граѓани. Но, одлука која што беше почитувана доследно и од страна ана верниците и од институцијата, дури и за време на рамазанскиот пост. На пикот на религиозните емоции, некои опозициски политичари, на 8 мај почнаа да прават пресија и јавен повик за отворање на џамиите. Истиот ден јавно реагирав нарекувајќи ги политичари кои што никогаш не побараа отворање на училиштата, иако учениците со месеци останаа по улици. На 9 мај 2020 ИВЗ малку под притисок на ваквите повици но и на луѓето, без координација, неинформирано и спротивно од нашите препораки, донесе одлука за отворање на џамиите на 12 мај. На 10 мај, јавно ги повикав верниците да не одат на колективна молитва се додека не се надмине ризикот, што беше многу не-популистички, во месец кој е свет за муслиманите. Но јас сум лекар, и никогаш на луѓето не им го кажувам тоа што тие сакаат да го слушнат, само поради тоа што звучи помалку болно, туку ја кажувам вистината. На 10 мај, го подготвивме протоколот за самозаштита и одржување на физичка дистанца за време на верските обреди. На 10 мај, ја посетив Струга каде што се сретнав со локалните верски претставници со кои се договоривме дека нема да имаме повеќе верски иницијативи без координација со нас и дека ќе се почитуваат протоколите. Но, исто така побарав да се спречи и асиметричната хистерија кон верниците, што водеше кон прекумерна меѓуврска поларизација, по настаните во Струга. На 12 мај, на првиот ден од отворањето, сите медиумски репортажи зборуваа за почитување на протоколот и дисциплината на граѓаните. Иако не бев за рано отворање на верските објекти, сметам дека зголемувањето на бројот не е поради отворањето на џамиите и враќање на животот во некаква нормала според протоколите, но токму поради непочитувањето на мерките за заштита и игнорирањето на опасноста лично од граѓаните. Да се однесуваме сите како да сме позитивни, и како секој околу нас да е позитивен“, пишува Османи.

Поврзани вести

Микиќ: Куманово е вториот град со најголем број на тестови, нормално е да има повеќе позитивни на коронавирус

Влатко Зорба

Заев во посета на МАСИТ: Тука сме нешто директно да научиме од вас

Филипче: Државата е подготвена за втор пик доколку се случи наесен

Ставревски: Околу 13.000 луѓе мигрирале во „Јавна соба“ на Телеграм

Viktor Jovanov

Гаши: Мислам дека треба да се случи процес на редефинирање

Александар Тодески

Димитров: Да се потрудиме Извештајот на ЕК за земјава да биде попозитивен

Stefanija Kuzmanovska