МАКЕДОНИЈА Политика

Османи и Цакај порачуваат: Да не се користи говор на омраза

Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и на Албанија, Бујар Османи и Гант Цакај по денешната средба во Скопје го коментираа случајот со говор на омраза на неодамнешниот фудбалски натпревар Вардар – Шкупи.

Министерот Османи вели дека Владата го осудила говорот на омраза, но отишла и чекор понапред повикувајќи го Обвинителството да преземе брзи мерки за гонење на сторителите.

– Знаеме дека Министерството за внатрешни работи ги идентификуваше тие лица и ги повика на разговор, рече Османи, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во МНР.

Шефот на албанската дипломатија со порака да не се користи говорот на омраза. Вели Албанија секогаш реагирала кога е во прашање националниот идентитет на Албанците. – Ги поддржуваме сите процеси на меѓуетнички односи во Северна Македонија и не само во Северна Македонија, рече Цакај.

Поврзани вести

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ продолжува со штетните политики кои значат блокирање на сите проекти и решенија коишто се во интерес на граѓаните

АВМУ апелира да се остават новинарите непречено да ја вршат својата работа

СДСМ: Мизрахи лаже дека немало нова табла во Министерството за труд и социјална политика

Stefanija Kuzmanovska

Метју Палмер во посета на Скопје на средба со Димитров

Maja_Serafimova

Здружение на медицински сестри: Ако не биде решен статусот на медицинските сестри, тогаш ќе има уште поголем одлив

Берта Китинска

Цената на дизелот од полноќ поскапува за половина денар

Maja_Serafimova