МАКЕДОНИЈА Политика

Османи: Не треба да бидеме дел од предизборниот политички дискурс на соседна Бугарија

Не треба да бидеме дел од предизборниот политички дискурс на соседна Република Бугарија, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има официјална реакција на последната изјава на бугарскиот министер за одбрана Каракачанов, Османи рече дека токму нашите реакции на оваа изјава имаат интенција да бидат искористени во една предизборна кампања.

– Не треба да бидеме дел од предизборниот политички дискурс на соседна Република Бугарија, кој што има интенција, токму со оваа изјава, за потоа нашите реакции да се искористат во рамки на една предизборна кампања. Не мислам дека ова ниту нам ни служи, ниту им служи на меѓусоседските односи и она што сакаме да го постигнеме заедно како две земји, изјави Османи.

Поврзани вести

Многу комбинации за состав на нова влада. Кој ќе го добие мандатот?

Берта Китинска

Заев: Правосудството мора да се прочисти од нечесните судии и обвинители (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Филипче: Чест ми е што во континуитет ги подобруваме и зајакнуваме условите во Клиничката болница во Штип

Села: ДУИ нема да падне доколку се гласа за СДСМ

Грција ги затвори границите, Црна Гора воведе карантин за Србите, Македонија уште се колеба

Берта Китинска

Сончево со температура до 39 степени, од утре постепен пад на температурите