МАКЕДОНИЈА Политика

Османи: Охрабрувачки звучи тоа што го слушнавме за новата методологија на ЕУ од Вархеји

На хартија се уште не сме ја виделе новата методологија за пристапни преговори со ЕУ која треба да се донесе, но според она што нашироко ни го образложи еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, таа звучи охрабрувачки, изјави вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.

– Првото е дека процесот завршува со членство во ЕУ и ако ние испорачаме и ЕУ ќе испорача. Второто е политичкото управување со процесот, повеќе од едно административно -бирократско, што значи дека ние ќе учествуваме во работните тела на Унијата и пред членството. И третото е динамичност, што значи дека брзината на преговорите ќе се наметне единствено од брзината којашто ние ќе ја наметнеме, истакна Османи во интервју за „360 Степени“.

Тој нагласи дека според сознанијата во предлогот се предвидува поглавјата да бидат групирани во кластери, по неколку слични поглавја во еден кластер.

– Во моментот кога ќе се постигне високо ниво на усогласеност се отвора еден кластер, а во тој момент се отвораат и сите поглавја во рамки на кластерот, со можност во една година да се затвораат сите поглавја од кластерот доколку динамиката е добра, истакна Османи.

Сепак, според вицепремиерот за евроинтеграции, веројатно се уште се дебатира околу прашањето дали прво треба да се затвори еден кластер за да се отвори друг.

– Самиот факт што еден од принципите е динамичност, дава охрабрување дека процесот може да се забрза доколку ние покажеме волја за тоа, потенцира Османи.

Поврзани вести

НСДП бара опозицијата да предложи друг министер за внатрешни работи во техничката влада

Влатко Зорба

Владините членови кои биле во контакт со Заев, чекаат насоки од Филипче

Берта Китинска

ЕК: Очекуваме новата влада во Северна Македонија да ги почитува ЕУ заложбите

Берта Китинска

Почна четвртата вонредна состојба: Ќе трае до 13 јуни

Георгиевски: Вонредната состојба треба да се користи за поефикасно лидерство

Влатко Зорба

Филипче: Досега обезбедени 61 единица конвалесцентна плазма за третман на пациенти со ковид-19

Берта Китинска