МАКЕДОНИЈА Политика

Османи: Првично разговараме со нашите сегашни партнери со кои бевме три години во коалиција

Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи гостуваше во вестите на Сител каде истакна дека преговараат со сите партии за што побрзо формирање на Влада и институции.

-И вчера кажав деновиве има толку многу информации непроверени од сите страни што не можеме да постигнеме да одговориме на сите тие информации. Бараме јавноста да почека да ги добива информациите од партиите кои се учеснички во формирањето на мнозинството, а тие информации ќе бидат навремени и службени. ДУИ прави сериозни напори овие денови што е можно побрзо да се формираат институциите сепак граѓаните имаат што побрзо потреба да се формираат владата и институциите за да се справат со сите предизвици. Оптимист сум дека брзо ќе дојдеме до решение.

Првично разговараме со нашите сегашни партнери со кои бевме три години во коалиција, но не ја исклучуваме ниту опцијата на разговори со сите политички партии. Сметаме дека е здраво да се разговара со сите со цел да се разгледаат ставовите на сите политички партии за да се дојде до едно одржливо решение со цел побрзо формирање на институциите. Претседателот Ахмети го води овој процес и не ги исклучува сите политички партии во разговорите.

Апсолутно не е точна информацијата дека Лазар Еленовски ќе биде премиер. Ние си имавме кандидат за премиер на изборите и таквите шпекулации се со намера да наштета на ДУИ да наштетат на процесот. Во моментот кога ќе има нешто конкретно граѓаните ќе бидат информирани.

Мислам дека постои едно оптимално решение кое ќе биде во интерес на граѓаните и во интерес на државата, изјави Бујар Османи.

Поврзани вести

Еврокомесарот Вархеји сака гаранции дека изборите ќе бидат фер

Сасоли: Во ЕУ не бише кажано „не“ туку дека се пролонгираат разговорите за датум за преговори

Влатко Зорба

Извозот во првите осум месеци со раст од 7,3 отсто

Влатко Зорба

(ВИДЕО) Заев честиташе Прочка: Да бидеме подобри луѓе, за да имаме подобра заедница

Двајца полицајци и двајца мигранти повредени при координирана акција кај патарината Отовица-Велес

Никола Поповски

Петровска: Во Битола регистриран е прв случај на коронавирус