МАКЕДОНИЈА

Османи: С. Македонија преку скринингот е во преговори со ЕУ уште од минатата година

Добро што се појави нон пејперот, сепак ни требаше место за ангажирање и фокусирање на институциите. Неочекуваната одлука од самитот во Брисел остави една празнина и неизвеснот не само помеѓу лидерите на партиите, туку и институциите и граѓаните. Во моментов се уште тече процесот на објаснувачки скрининг, тоа значи дека од јуни 2018 веќе спроведуваме преговори, вели вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.

-Според старата методологија се почнува со тој објаснувачки скрининг, значи ние една година ја поминавме таа фаза на скрининг каде илјадници луѓе од администрацијата беа во Брисел и слушаа што требаше ние да имплементираме во нашето законодавство. Сега завршува тој скрининг и повеќе нема да имаме таков ангажман. Затоа велам добро е што се појави овој нон пејпер со кој можеме веднаш да влеземе во ангажман на институциите, вели Османи.

Вицепремиерот додава дека по самитот во Брисел во државата почнала да се чуствува енергијата на евроскептицизам односно барање алтернативи за Европската унија.

-Луѓето почнаа да зборуваат за мини шенгени и други алтернативи на ЕУ по самитот во Брисел. Ние кажуваме, нема алтернатива и процесот не е мртов. Тоа е пауза додека не се консолидира ЕУ и добро е што таа пауза не траеше долго. Франција констатно молчеше на средбите во Унијата. Сега имаме нон пејпер кој е засега е само француски предлог. Тој мора да биде прифатен од 28-те земји членки. Тоа треба да се усвои од Европскиот совет. Ова е предлог рамка која треба да се разработи. Доколку се усвои во советот, тоа ќе стане нова европска методологија за проширување, вели Османи.

Според него, недобивањето датум за преговори не смеело да се случи од причина што со тоа се нарушил кредибилитетот на ЕУ.

-Како и да е, ние треба да го направиме нашето, не гледам алтернатива друга од ЕУ. Но и нема ЕУ без западен балкан, тоа е незавршен проект и е некоја гаранција дека процесот ќе се движи, вели Османи.

Поврзани вести

Маричиќ: ВМРО-ДПМНЕ го предложи Панчевски за Јавен обвинител, човекот кој зароби судството

Viktor Jovanov

Стратешка расправа за заедничките цели на ЕУ и Западен Балкан

Stefanija Kuzmanovska

Пријави за прекршување на работнички права до Хелсиншки поднеле 363 работници

Влатко Зорба

Нема епилог кој е одговорен за несоодветниот третман на медицинскиот отпад

ГАЛЕРИЈА: Нов парк со зеленило на местото на депонијата кај скопската железничка станица

Берта Китинска

53 семејства со новороденчиња добија ваучери од општина Кисела Вода

Влатко Зорба