МАКЕДОНИЈА Политика

Османи со честитки до Хоти за изборот за нов премиер на Косово

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска имаше телефонски разговор со новоизбраниот премиер на Република Косово, Авдула Хоти, при што упати честитки за изборот на новата Влада.

-Во овие сложени времиња на заканата од пандемијата КОВИД-19, ова се добри вести кои навестуваат политичка стабилност, не само за Косово, туку и за целиот регион. Дозволете во името на Владата на Република Северна Македонија да Ви честитам на изборот со надеж дека заедно, како непосредни соседи, ќе продолжиме во изградбата на пријателски односи, во насока на исполнување на нашата заедничка цел, европската интеграција на двете земји и воошто на целиот регион, порача Османи, соопшти Секретаријатот за европски прашања.

Поврзани вести

Димовски: Заев го советувале да покаже дека е силен противник за да створи забуна

Берта Китинска

Помпео: Договорот од Преспа е чекор кон стабилност во регионот

Влатко Зорба

Николовски: Создаваме судство каде нема да може никој да врти телефони и да нарачува пресуди

Viktor Jovanov

Од аеродром во карантин, 180 Македонци се вратија од Бон

Костадинов: Дали со парите за напад врз пратеници и новинари, Дурловски купил 120.000 квадратни метри земја во Свети Николе? (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Заев: Разговорите потврдуваат дека бомбите се дадени до СЈО и никаде освен на СЈО