МАКЕДОНИЈА Политика

Османи: Уставниот Суд да го продолжи рокот за регистрација на лицата во изолација

Вицепремиерот за европски прашања и портпарол на ДУИ, Бујар Османи, бара од Уставниот Суд на Република Северна Македонија да го продолжи времето за регистрација на лица во изолација. Во својот говор пред жителите на населба Ченто во Скопје, тој рече дека мора да гарантираат безбедни избори и право за глас за секој граѓанин. Обезбедувањето безбедни избори според него е една обврска, додека друга обврска е да се обезбеди правото на секој граѓанин за глас.

– Досега, ниту една десетина од лицата во карантин, не се регистрирани да гласаат во
одредените места. Ова е неуспех од кој што мора да извлечеме заклучоци, рече Османи, додавајќи дека„ ако слабата регистрација е предупредување за слабото учество на гласачите во овие избори, ова е прашање што мора да се реши.

Воедно тој смета дека државата не смее да дозволи поради вирусот Корона луѓето да бидат лишени од основното демократско право на глас.

– Задоволство ми е што гледам дека Комисијата за заразни болести ги подготвува изборите на многу сериозен и професионален начин и дека со овие подготовки ќе се обезбеди дека секој граѓанин кој сака да гласа, може да го стори тоа безбедно, и без никаков ризик од инфекција, рече Османи.

Тој, исто така, повика на лична одговорност кај граѓаните.

– Ние мора да излеземе на гласање заштитени со маски, ракавици и да одржуваме лична хигиена – овие мерки се неопходни и задолжителни. Исто така, наша посебна одговорност е да ги заштитиме старите лица, да им овозможиме на лицата постари од 60 години да гласаат без да го загрозат нивното здравје. Владата мора да го зајакне ширењето на овие информации на сите јазици, за да бидат сите информирани околу овие задолжителни мерки и никој да не остане без да користење на правото на глас, посочи Османи.

Ако едно лице, како што рече Османи, е информирано утрово дека мора да оди во карантин, и дека поради тоа нема да може да гласа, ова е погрешно и противуставно.

– Не смееме да дозволиме да се случи, и мора да се осигуриме дека сите што се подготвени да гласаат, ќе имаат исто така и можност да гласаат. Затоа, го повикуваме Уставниот суд да го продолжи рокот за регистрација. Потребно е да се обезбеди некакво решение и за оние кои влегуваат во изолацијата откако ќе се затвори рокот за регистрација. Одговорност на државата е да обезбеди дека дури и во овие посебни околности, сите граѓани ќе имаат можност да гласаат, изјави Османи. 

Поврзани вести

МНР: Неоснована е загриженоста за конкурсите за испразнетите места во ДКП

Ивана Рамаданова

Нова „бомба“: Чифлигароски и Димовски Тушникот зборуваат за палење коли (АУДИО)

Влатко Зорба

Негативни на Ковид-19 сопатниците на првозаболената од коронавирус

Stefanija Kuzmanovska

Анкета на National Democratic Institute: Довербата на граѓаните во СДСМ континуирано расте

Берта Китинска

Рамковска: Режимот ме осуди мене и моите деца (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Заев: Низ сплотеност и хармонија да продолжиме уште пофокусирано кон достоинствено општество на среќни луѓе