МАКЕДОНИЈА

Османи: Владата носи навремени одлуки против коронавирусот, важно е да се почитуваат

Вирусот е атипичен никој не може да направи модел. Сепак се прават некои минимални проекции, според тоа што го гледаме од параметрите, од бројот на случаи, има релативно споро ширење кај нас, што е причината за тоа ќе треба да се евалуира. Со ширење вирусот ќе продолжи уште одреден период додека не се створи имунитет кај граѓаните. Треба да ја развлечеме епидемијата, да има помалку случаи во болниците и успеваме во тој дел. Се зависи колку ќе се почитуваат препораките кои се заоструваат, изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

-Ова е комплексна ситуција која бара комплексни одлуки. Сега е време за навремени одлуки, владата ги прави и ги носи. Понатаму како ќе се одвива борбата со вирусот зависи од повеќе фактори. Ќе мора на дневни основи да се прилагодуваме на коронавирусот. Мора да се почитуваат мерките, ако се следат препораките брзо ќе се заврши сето ова, вели Османи.

Во однос на предвремените парламентарни избори, Османи вели дека засега не може да се знае кога тие ќе се одржат.

-Ден по завршување на вонредната состојба е првиот ден кога требаше да почне кампањата. Може изборите да се случат август, септември, октовмри, не зависи од нас, виша сила е кога ќе бидат изборите, но тоа е најмалку важно сега. Важно е оваа епидемија да ја завршиме без големи штети, вели Османи.

Поврзани вести

Преку Планот за чист воздух се поддржуваат општините за воведување на поеколошки системи на греење на јавните објекти

Влатко Зорба

ФОТО: Почна средбата Вархеји-Спасовски

Лицата во изолација ќе се следат преку мобилна апликација

Влатко Зорба

Брима Галуп: Огромно мнозинство во светот исплашено од Ковид-19, во Македонија 63 отсто стравуваат од можна инфекција

Живеалиштето за фламинго во Скопската зоолошка преминува во крајната фаза на градење

Берта Китинска

Оливер Вархеји во прва официјална посета на Северна Македонија

Никола Поповски