МАКЕДОНИЈА Политика

Отворањето на Поглавјето 23 беше во фокусот на средбата меѓу Маричиќ и Жбогар

Отворањето на Поглавјето 23 беше во фокусот на денешната средба во Скопје меѓу министерот за правда Бојан Маричиќ и евроамбасадорот Самуел Жбогар,  на која Маричиќ потенцираше дека неговата главна мисија во Министерството за правда е градење на независно и непристрасно правосудство.

Тој ја презентираше својата стратегија и агендата на Министерството за правда и потенцираше дека во сите реформи во областа правда ќе бара поддршка и соработка од страна на Европската Унија.

Министерот Маричиќ, информираат од неговиот кабинет, истакна дека очекувањата на јавноста за зајакнување на одговорноста и транспарентноста, како и подинамично постапување на обвинителството и судството е приоритет кој смета дека е најголем предизвик за исполнување од својата агенда.

Поврзани вести

Надмината бројката од 50.000 ковид-случаи од почетокот на пандемијата

Никола Поповски

Поплавени јагленовите откопни полиња во рудникот „Суводол“ на РЕК Битола

Не сме исти како нив, ние носевме одлуки, тие се плашеа, изјави Заев од Крива Паланка

Влатко Зорба

Првпат извршена трансплантација на хематопоетски матични клетки од несроден донор кај 68-годишен пациент со акутна леукемија

Влатко Зорба

Тасева: Неодговорно е од Собранието 2 години да нема Државен ревизор

Viktor Jovanov

Хелсиншки: Неопходна е вклученост од сите во борба против корупцијата

Ивана Рамаданова