МАКЕДОНИЈА

Оваа година бесплатни вакцини против грип за најранливите категории

Оваа година сезонските вакцини против грип се очекува да бидат бесплатни за најранливите категории. Најавите за нов бран на пандемијата предизвика здравствениот систем да го вклучи алармот, објави Алсат.

Од Центарот за јавно здравје во Скопје велат дека вакцината за новиот сезонски грип во моментов е во подготвителна фаза и ќе се набави до есен.

Освен овие категории, цената на ваквата вакцина ќе чини 600 денари. За разлика од претходните години, здравствените власти годинава ќе понудат 60 илјади бесплатни вакцини за сезонскиот грип за да се зголеми бројот на лица кои ќе бидат имунизирани..

Според препораките на СЗО, за да се избегнат здравствените компликации од евентуалната комбинација на ковид-19 и вирусен грип оваа есен се очекува да се вакцинираат 20% од популацијата во нашата земја.

Минатата година, само 5% од населението беше вакцинирано, односно околу 45 илјади вакцини против сезонски грип.

Поврзани вести

Царовска: Пристапот до квалитетно образование е најдобра превенција од сиромаштијата

Берта Китинска

Филипче: Одлични резултати имаат тие пациенти кои се лекуваат со висока доза на витамин Д

Никола Поповски

Невработеноста намалена на 17,1 отсто

Влатко Зорба

Обложувалниците во Македонија ќе работат „онлајн“?

Берта Китинска

Угостителските објекти ќе бидат отворени во првите денови од следната недела

Забрана за посета на гробиштата за Задушница и Духовден