МАКЕДОНИЈА Политика

Пахор денеска во Охрид

Претседателот на Република Словенија Борут Пахор во рамки на дводневната официјална посета на Република Северна Македонија, денеска ќе престојува во Охрид.

Заедно со претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува на показна вежба на специјалните сили на Армијата на Република Северна Македонија во Кампот за обука на вода – Охрид.

Претходно, двајцата претседатели ќе ги посетат црквата „Света Богородица Перивлепта“ и Галеријата на икони, Античкиот театар и црквата „Света Софија“.

Вчера во Скопје, на првиот ден од официјалната посета, претседателот Пахор беше пречекан со највисоки државни и воени почести од страна на претседателот Стево Пендаровски, по што двајцата претседатели одржаа тет-а-тет средба, заедничка прес-конференција и положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“.

Словенечкиот претседател се обрати на седница во Собранието на Република Северна Македонија, а оствари и средби со претседателите на Собранието и на Владата, Талат Џафери и Зоран Заев.

Поврзани вести

Владата ќе субвенционира инвертери во Битола, Кичево, Тетово и Скопје

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нека бара оставка од Мицкоски затоа што поттикнува ширење на КОВИД 19

Влатко Зорба

Стојанов: Факт е дека не се почитуваат мерките

Утре ќе се одлучува за повторно затворање на границите со Србија и Косово

Тетовската полицијата го демантира текстот на интернет портал дека ќе се врши контрола на домови

Царовска на почеток на градба на нова градинка во Миладиновци: Не запираме додека не ги вклучиме сите деца во предучилишно образование

Никола Поповски