МАКЕДОНИЈА Политика

Палмер: САД очекуваат добар и силен партнер во новата влада на Северна Македонија

САД очекуваат добар и силен партнер во новата влада на Северна Македонија, рече специјалниот претставник на Стејт департмент за Западен Балкан Метју Палмер пренесува Гласот на Америка на македонски јазик.

„Сега е период на преговарање за формирање коалиција, што е природен процес во демократските парламентарни системи. Од перспектива на САД, она што е важно и што сакаме да го истакнеме, е дека очекуваме добар и силен партнер во владата на Северна Македонија, влада која е посветена максимално да го искористи членството во НАТО, влада која е посветена да ја води државата напред на патот кон Европската Унија“, рече Палмер, додавајќи дека САД очекуваат новата влада да биде посветена и на имплементирање на Договорот од Преспа.

„Влада која ќе работи да го унапреди мирот и просперитетот на сите граѓани на Северна Македонија“, рече тој.

Поврзани вести

Пендаровски: Очекувам шпанска ратификација следниот месец

Stefanija Kuzmanovska

Казнети 474 лица за неносење маска

Камчев: Јовановски не знае што збори, еднаш кажа дека некој ги зел, еднаш дека тој ги вратил парите

Александар Тодески

Колевски предупредува за негативни ефекти од брзото спроведување на ветингот

Влатко Зорба

Скринингот откри два позитивни случаи во градинки во Штип

Вархеји ја претстави новата методологија – Ќе важи за преговорите со С. Македонија и Албанија

Александар Тодески