МАКЕДОНИЈА

Пановски: Најмногу од граѓаните зависи како ќе ја поминеме зимата

Ситуацијата со ширењето на коронавирусот е сериозна и загрижувачка ситуација и најмногу зависи од граѓаните како ќе ја поминеме зимата. До бројката од 1.000 новозаразени на ден ќе стигнеме без проблем, доколку има можност да се тестираат повеќе. Инаку, мојата проценка е дека реално има по 2-3 илјади заразени. Но, проблем е што се полнат болниците, оценува доктор Никола Пановски во интервју за МКД.мк.

Во врска со најавите за нови мерки, вклучувајќи и носење маска на отворено, Пановски вели дека не се суштински и дека тоа не е битно. Според него, досегашните мерки се сосема добри.

„Битно е дека мерките не беа лоши, требаше само да се најдат механизми за нивно почитување. Контрола, освен дома, секаде можеше да се направи. И да се изрекуваат поголеми казни. Можеше да се контролираат повеќе текстилните работници, во јавниот превоз на пример се ставаат камери, па се јавува ако не се почитуваат мерките. Што се однесува до собирањата, веќе сум кажал дека за тоа треба карантин, 14 дена во некој хотел на сопствен трошок. А споредна работа е дали некој на улица носи или не носи маска, тоа нема никаква врска со ширењето“, вели Пановски.

Поврзани вести

МВР: Изречени 683 санкции за неносење маска

Берта Китинска

Филипче по одлуката за хронично болните: Драстично ќе се скрати бројот на луѓе кои седеле дома

Никола Поповски

Малиќи со апел за помош на настраданите во земјотресот во Албанија

Влатко Зорба

Камчев поднел кривична пријава против Катица и Лазар Јаневи и обвинителката Лиле Стефанова

Скопските ограноци на ДУИ против изборот на Груби и Османи во новата влада

Никола Поповски

Д-р Јахја е новиот раководител на Клиниката за ортопедија

Берта Китинска