МАКЕДОНИЈА

Парична помош и сместување за семејството чија куќа изгоре во Шуто Оризари

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи попладнево беше во посета на опожарената куќа во Шуто Оризари и на семејството чиишто малолетни деца загинаа во пожарот. Како што се наведува во соопштението од МТСП, Мизрахи изразила сочуство до семејството и им понудила сместување и еднократна парична помош.

-Со голема тага ја примив веста за смртта на двете деца во пожарот во Шуто Оризари. Како родител сочуствувам со големата болка што ја почувствуваа денеска нивните родители.Тоа е огромна човечка трагедија чија загуба е ненадоместлива и која не може да се изрази со зборови. Но, мора да се остане силен и човечен. Ќе сторам се што е во моја надлежност, да им помогнам на семејствата. Знам, дека болката е ненадминлива, но нивните браќа и сестри ќе ја имаат мојата максимална поддршка во секој поглед, посочува министерката Мизрахи.

Поврзани вести

Протест пред Собранието: Оштетените од Еуростандард банка бараат обесштетување

Никола Поповски

Лукаревска за „30 прашања со“: Најголема предрасуда за УЈП е дека „ние сме лошите“

Stefanija Kuzmanovska

Нетанјаху: Нова ера за Израел и Косово

Никола Поповски

Жбогар: Се надеваме дека законот за ЈО ќе биде усвоен пред распуштање на Собранието

Денеска од Виена и Базел се враќаат македонски државјани

Во кумановската болница спроведено тестирање на 210 вработени (ВИДЕО)

Влатко Зорба