МАКЕДОНИЈА

Патници од Брисел со симптоми на грип стигнуваат на скопскиот аеродром

Министерот за здравство, Венко Филипче на прес конференција посочи дека во Скопје стигнал авион од Брисел во кој имало лица со симптоми на грип, кои веднаш ќе бидат проверени на Инфективната клиника.

„Слетан е авион од Брисел во кој има повеќе луѓе со симптоми, наши државјани. Се прави скриниг на сите патници, а тие со симптоми ќе бидат однесени на Инфективна клиника. Додека да стигнат резултатите, останатите патници ќе седат на аеродромот, па ќе се одлучи дали ќе одат во самоизолација или пак во организираните места за изолација“, рече Филипче.

Тој истакна дека многу е важно да помине периодот на инкубација, па затоа има карантин кој трае 14 дена затоа што ако се направи тестот во меѓувреме, може да биде лажно негативен.

„Може човек да се охрабри, да не ја почитува мерката и после ден-два да покаже дека е носител. Затоа и има период на изолација и самоизолација. Планираме и малку пошироко тестирање, се прават анализи за тоа, пред се во регионот на Струга, каде што знаеме дека имале интензивна комуникација со Дебар и тој регион. Се правеше таму анализа и врз основа на тоа ќе видиме како ќе постапиме“, посочи Филипче.

Поврзани вести

За првпат ПЕП доби специјална полициска опрема

Никола Поповски

МВР се огласи за случајот во Струмица

Берта Китинска

Кумановец со голф удрил во паркиран камион и загинал

Филипче: Двојно ја намаливме смртноста на предвремено родените бебиња

Првомајски излет покрај кеј во шатор (ФОТО)

Реновирана Клиниката за дерматологија

Ивана Рамаданова