МАКЕДОНИЈА

Патниците се пренасочуваат: Затворени граничните премини Прохор Пчински и Рибарци

Граничниот премин Прохор Пчински, на српско-македонската граница,  ќе биде затворен за сообраќај и патници, со одлука на Владата на Србија, а како заштита од корона вирусот.

Ги известуваме граѓаните дека српскиот граничен премин „Рибарци“ од денеска (12.03 – четврток) од 07.00 часот, согласно насоките од Владата на Република Србија, а во врска со Ковид 19 е затворен за патници и возила. Поради тоа сите патници и возила од нашиот граничен премин „Голема Црцорија“ – Голеш(кривопаланечко) ќе се пренасочуваат на граничните премини кои се отворени за слободен проток на моторни возила и лица.Воедно и граничниот премин Прохор Пчински од 7.00 часот, согласно насоките од Владата на Република Србија а во врска со Ковид 19 ќе биде затворен за патници и возила. Поради тоа сите патници и возила од нашиот граничен премин Пелинце ќе се пренасочуваат на заедничкиот граничен премин Табановце-Прешево, – соопштуваат од МВР.

Поврзани вести

Отсуството на сведокот Панделески во случајот „Рекет” го одложи денешното рочиште

Берта Китинска

Децата од Здружението „Заедно можеме“ на Меѓународен симпозиум на уметноста „Струга 2020“

Османи-Грлиќ Радман: Хрватското претседателство со ЕУ ќе биде историско за нас

Д-р Даниловски за забавите во ноќните клубови: Можно ли е да сме ние толку неодговорни

Граѓаните ќе можат повратот од „МојДДВ” да го донираат во Буџетот за справување со КОВИД-19

Влатко Зорба

Вкупно 70 лица со коронавирус, заразена и бабата на четиригодишното девојче од Штип