МАКЕДОНИЈА Политика

Пендаровски: Ако Мицкоски сака нови избори, тогаш ќе мора да обезбеди 61 пратеник за да го распушти Собранието

На прашањето дали ако никој не обезбеди мнозинство за формирање влада, е можно да се оди на нови избори, претседателот на државава, Стево Пендаровски изјави дека единствен начин за тоа да се случи е ако Собранието се самораспушти со најмалку 61 глас.

„Слушам шпекулации во јавноста: само на еден начин во државава, според Уставот, се оди на нови избори, а тоа е со 61 глас на пратеник со што се самораспушта Собранието. Имаше повици од некои експерти, да не кажам и квази експерти – немој да му даваш на вториот, третиот, ако првиот не направи мнозинство, одиме на нови избори. Во ред. Но, имаме ли 61 рака да се самораспушти парламентот? Ако Мицкоски има намера да доаѓа во една таква претпоставена ситуација, тогаш мора да обезбеди 61 глас да го распушти парламентот. Нема друг начин“, соопшти Пендаровски.

Поврзани вести

Китев: ВМРО-ДПМНЕ сериозно опонира, не сакаат завршница на предметите на СЈО

Viktor Jovanov

Познати имињата на новите пратеници од Коалицијата „Обнова на Македонија“

Влатко Зорба

Сончево за време на викендот

Stefanija Kuzmanovska

ФОТО: Американски и грчки воени авиони го надлетаа Скопје и го поздравија влезот на Северна Македонија во НАТО

Спасовски: Апелирам граѓаните за време на празниците да останат дома

Берта Китинска

Алтмајер за „Билд“: Во интерес на ЕУ е да почне преговори со С. Македонија

user3