МАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Барањето за вонредна состојба ќе биде доставено кај мене ако не се состане Собранието

Претседателот Стево Пендаровски на социјалните мрежи објави дека ако Собранието не се состане, тој ќе се обрати до јавноста во врска со барањето на Владата за прогласување на вонредна состојба.

„Во моментов имам информација дека предлогот на Владата на РСМ за прогласување на вонредна состојба се подготвува и треба да биде доставен до Собранието. Доколку Собранието не се состане, претседателот на Собранието ќе го достави предлогот до мене, по што ќе се обратам до јавноста“, пишува Пендаровски.

Претходно, премиерот Оливер Спасовски на прес конференција истакна дека е испратено барање до Собранието за прогласување на вонредна состојба, која ако не може Собранието, ќе треба да ја прогласи претседателот Пендаровски.

Поврзани вести

Шилегов: Очекувам со вонредното прскање против комарци да се реши проблемот

Александар Петровски

Нема неконтролирано ширење на вирусот, во Штип ќе бидат тестирани 600 луѓе, вели Филипче

Калајџиев: Немаме независно обвинителство, Јавниот обвинител игра по условите на политичката елита

Берта Китинска

Лунгеску: Го поздравуваме донесувањето на Законот за одбрана во Собранието

Александар Петровски

Од новите 241 ковид дијагностицирани најмногу се од Скопје

Влатко Зорба

Во недела пред Влада протест против полицискиот час