МАКЕДОНИЈА

Периодот за прием на децата во градинките, проблем за родителите

Дел од градинките започнаа со работа на 9 септември, друга пак поради реновирање го одложија отворањето за в понеделник односно 14 септември.

–Откако ни беше соопштено дека градинката ќе почне со работа на 14 септември. Ме збуни приемното време за групата на моето дете кое ќе биде од 8:30 до 8:50. Прашав дали оваа време ќе важи само неколку дена заради адаптацијата по 6 месечната пауза, но од градинката добив одговoр дека тоа време ќе мора да биде запазено секојдневно, за да не дојде до мешање и гужви пред влезот градинката.Јас и мојот сопруг одиме на  работа од 8:00 часот. Доколку ова не се промени, ќе треба да дадам отказ – вели Ана Василева, родител на тригодишно дете.

Вчера во градинка во Битола беше регистриран првиот случај на негувателка.

Пет деца, три воспитувачки и две други негувателки се ставени во домашна изолација од 14 дена, соопштија вчера од Центарот за јавно здравје.Тие додаваат дека случајот е регистриран само три дена по започнување со работа на градинките.Денеска од Министерството за здравство информираа дека во Битола се регистрирани четири новозаразени лица, а три лица се оздравени.

Поврзани вести

Граѓаните на Штип кои користеле превоз до конфекцијата со заразени лица задолжително да останат во самоизолација

Зоран го победи Ковид 19 и испрати порака: „Секој кој што се излекувал да дарува крвна плазма“

Берта Китинска

Павле Трајанов: Не може да прифатам во ова време кога Македонија веќе де факто е членка на НАТО, за министер за внатрешни работи да се предлага офицер, генерал или полковник

Никола Поповски

„52“ – ново име на скијачка патека на Ски центар Маврово

Влатко Зорба

Земјава меѓу рекордерите во фрлање храна

Влатко Зорба

Францускиот нон-пејпер на разгледување во Владата